И Бугарија денеска ја одбележува 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев, а бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов положи венец на гробот од Делчев во црквата „Свети Спас“.
Како што е објавено на сајтот на бугарската амбасада, во обраќањето Ангелов рекол дека „истакнатиот бугарски револуционер Гоце Делчев го дал животот за слободата на своите браќа. Гоце Делчев ќе остане, независно од сите перипетии на нашата тешка судбина, светол симбол на несебичната пожртвуваност, на заедничката историја и заедничката европска иднина на Бугарија и Република Северна Македонија“.
Извор: Амбасада на Бугарија