Македонија

Oд утре полициски час од 23 часот

Владата на денешната седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните во согласност со која од утре, 5 мај, забраната за движење, наместо од 21 часот, ќе почнува од 23 часот, и ќе трае до 5 часот наредниот ден.

„Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот, и тоа само на отворените делови, терасите на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи“, соопшти владината прес-служба.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници што пристигнуваат од Индија и Бразил поради спречување ширење на новите соеви на SARS-CoV-2.

На почеток