Свет

Грчки остров во карантин поради коронавирусот

Порастот на бројот на заразени со коронавирус на грчкиот остров Калимнос ги поттикна властите денеска да го стават под блокада, ден по олеснување на ограничувањата ширум земјата. Министерството за цивилна заштита соопшти дека воведува блокада на егејскиот остров од среда до 10 мај „од итни причини за сериозен ризик по јавното здравје“ и да го ограничи ширењето на вирусот, пренесува Ројтерс.

Според тие мерки, на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само заради работа, да посетат доктор или аптека, да ги прошетаат миленичињата или да купуваат во супермаркет до 18 часот.

Останатите ограничувања вклучуваат прекин на градежничките работи и верските обреди, вклучувајќи и погреби до девет лица. На жителите им е дозволено да го напуштат островот само од здравствени причини.

извор: Република 

На почеток