Денеска се одбележува „ Денот на Дрим“. Главна цел на одбележувањето на денот на реката Дрим е подигнување на свеста кај локалното население и пошироката јавност за значењето на Дримскиот басен и неговиот екосистем, потребата за негова заштита и постојано одржување, како и придобивките кои ги има локалното население од неговото нормално функционирање.
Оваа година организатори на прославата е здружението за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид во соработка со Центар за одржлив развој на заедницата, ОУ Ванчо Николески с.Лескоец и ОУ Дебрца Општина Дебрца. Поради пандемијата истата може да се следи on line на овој линк:
Инаку во склоп на активностите е изработена брошура насловена „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“, поставена е изложба „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“ во Stevee’s Coffee House ( Hotel Royal View) која исто така е достапна виртуелно изработени се пет кратки видеа.
Годинава се оддржа и онлајн едукативна средба во која беа вклучени учениците од ОУ Ванчо Николески с.Лескоец, ОУ Дебрца Општина Дебрца, како и учениците од Гимназијата С.О.У 28 Ноември од Дебар.