Полицијата уапси 35-годишен маж кој се шетал со мачета на улица во Центар за време на полициски час.
Според информациите на МВР, синоќа во 23:15 часот, полициски службеници на подрачјето на Центар го привеле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје.
Исто така, тој е уапсен и дека не го почитувал полицискиот час.
МВР најави дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: Архива