Свет

Историска пресуда во Хрватска ги отвора вратите за сите геј и лезбиски двојки кои сакаат да посвојат дете

По одлуката на Управниот суд во Загреб дека геј-партнерите, исто така, имаат право на процена за посвојување деца, Здружението „Семејства на виножитото“ официјално потврди дека партнерите од ист пол имаат пристап до постапката на посвојување деца.

Пет години подоцна, на крајот на април, Управниот суд во Загреб донесе пресуда за случајот Младен Кожиќ и Иво Шегота дека не смеат да бидат дискриминирани во постапката за процена за посвојување затоа што склучиле животно партнерство.

„Оваа историска пресуда ги отвора вратите за сите геј и лезбиски двојки во Хрватска кои сакаат да станат посвоители и потврдува дека животните партнери мора да ги имаат истите права како и брачните во сите постапки“, се вели во соопштението на Здружението.

Сега, според ова здружение, на ред е Министерството за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика, кое треба да ја исправи неправдата во идните активности, имајќи ги предвид законите, Уставот, конвенциите и одлуката на Уставниот суд за усвојување, објави загрепскиот портал „Индекс“.

извор: Макфакс 

фото: The Times of Israel

 

На почеток