Синоќа на полноќ бетонскиот ѕид кај Чаирчанка е уште повеќе продолжен. Сега речиси целата улица Цветан Димов е поделена на два дела. Граѓаните за поставувањето банкини со поделени мислења. Некои велат ова е добро за полесно сообраќање на автомобилите, а некои беа против, објави ТВ 21.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу вели дека со поставувањето на банкините намален е бројот на сообраќајни незгоди на оваа улица. Тој вели дека овие банкини ќе бидат привремени.