Македонија

Заев, Филипче и кинескиот амбасадор Ѕуо: Во земјата сега има доволен број и безбедни вакцини за непречена масовна имунизација

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на НР Кина во Северна Македонија Џанг Ѕуо, денеска го посетија вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“.

Премиерот, министерот и амбасадорот разговараа со граѓаните кои интензивно се вакцинираат и со медицинскиот персонал кој го спроведува процесот на вакцинација. Притоа се информираа за текот и дневниот капацитет кој го овозможува оваа поликлиника за непречено вакцинирање на нашите граѓани.

“Неодамна, преку видео врска претседателот Си Џинпинг и премиерот Заев, заедно со други лидери, присуствуваа на Самитот Кина-CEEC, со што се обезбеди важно планирање и лидерство за развој на механизмот за соработка, а исто така даде силен поттик за соработката на Кина со Северна Македонија и другите земји од Централна и Источна Европа во борбата против епидемијата. Покрај сегашната огромна домашна побарувачка за вакцини, Кина ги надмина тешкотиите и обезбеди поддршка за Северна Македонија и другите земји, се со цел да работиме заедно за да изградиме заедница за заедничка иднина за човештвото“, истакна  неговата екселенција амбaсадорот Ѕуо.

Амбасадорот додаде:

„Вакцината е моќно оружје за надминување на епидемијата и сите страни треба да ја зајакнат меѓународната соработка за вакцините за да не остане ниту една земја во која има потреба од истите. Никој што чека вакцина не е заборавен. Кина е подготвена да продолжи да ги продлабочува практичните размени со Северна Македонија, да работиме заедно во борбата против епидемијата и да промовираме економско закрепнување за придобивки на нашите земји и народи“, истакна амбасадорот Ѕуо.

 

видео: Влада

На почеток