Македонија

Петиција за протерување на бугарскиот амбасадор откако Гоце Делчев го нарече “бугарски револуционер”

Со онлајн петиција се бара од шефот на Македонија, Стево Пендаровски, да го протера бугарскиот амбасадор во земјава. Ова доаѓа откако на 118 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, бугарската амбасада објави дека положила цвеќе на гробот на „бугарскиот револуционер“ Делчев.

„Шовинистичката и негаторска политика на официјална Бугарија со скандалозна провокација врз Македонците и Македонија. Ова во нормална држава веднаш би предизвикало реакција, па дури ако нема извинување би следело и прогласување на амбасадорот за “непожелна личност”, “persona non grata” и негово протерување од Македонија. Бараме од претседателот Стево Пендаровски итна реакција за ваквиот деградирачки чин кон еден од најголемите македонски револуционери од страна на бугарскиот амабасадор. Потсетуваме дека претседателот Пендаровски веднаш реагираше за случајот со запалено бугарско знаме во Вевчани и побара да се санкционираат сторителите. Доколку Пендаровски одбие да го осуди ваквиот чин, тогаш македонската јавност ќе го смета за соучесник во штетните политики на бугарските власти спрема македонскиот народ“, стои во петицијата.

На почеток