Македонија

Филипче се „боцна“, по него и другите: Нема одговор зошто чекаа до сега, кога вакцините и натаму се дефицитарни

И министерот за здравство, Венко Филипче, се вакцинираше против ковид-19. Ова доаѓа откако тој со месеци, не се вакцинираше, со образложение дека дава приоритет на граѓаните кои имаат поголема потреба. Откако дојде вакцината на „Синофарм“, тој гласно кажа дека ќе се вакцинира, а со него и цела Влада, односно сите министри.
„Ја примив вакцината на ‘Синофарм’, а сите вакцини се безбедни за употреба. Процесот на вакцинација добро се одвива. Сметам дека ќе имаме добра динамика за вакцинирање. Сите да се пријават на сајтот за вакцинација, а граѓаните ќе добијат СМС, мејл за термин. Добро се чувствувам. Ревакцинација ќе имам за три недели“, рече Филипче.

Вакцини нема ниту сега, особено за ризични категории на граѓани како што се оние со хронични болести кои не се на приоритетна листа. Но, Филипче вели дека Владата е институција важна за државата, па затоа сите министри се вакцинираат сега.

„Ние одлучивме Владата да биде една од институциите која ќе се вакцинира по Собранието, како институција која е важна за државата и системот. Сите министри во следниот период, добија свој термин. Мислам дека таа национална стратегија, која се темели на националните стратегии во светот“, додаде Филипче.

На почеток