Македонија

СДК.МК: Велешани без проблем се вакцинираат во Кавадарци, во Велес не ги примаат без термин

Голем број велешани кои што добиле покана за вакцинација против ковид-19 преку СМС за во друг град, вчера отишле во вакциналниот пункт во Велес, но не биле вакцинирани. Тие дошле во Здравствениот дом, каде се врши вакцинацијата, но не примиле вакцина, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

„Имаше повеќе лица, кои дојдоа согласно апелот од Министерството за здравство дека иако имаат термин во друг град, можат да ја покажат СМС пораката и да се вакцинираат во градот каде живеат. Така и сторивме, но нѐ вратија, ни кажаа дека вакцини за нас нема“, вели 68-годишна велешанка, која требало да се вакцинира во пунктот за масовна вакцинација во Кавадарци.

Од Здравствен дом Велес потврдија дека имале случаи на лица кои дошле да се вакцинираат кај нив, а ги немало на листата.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

На почеток