Видео и Фото

(ВИДЕО) Цунами го погоди индонезискиот остров Сулавеси, најмалку 48 жртви

Најмалку 48 луѓе го изгубија животот, а повеќе од 350 се повредени по серијата потреси и цунамито кои го зафатија идонезискиот остров Сулавеси.

Потпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи во Индонезија, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми. Тој вели дека илјада куќи се уништени, мостовите се срушени, а електричната енергија е прекината во поголемиот број градови во регионот Донгала. Локалната болница е оштетена, па поради тоа медицинските службеници се одлучија десетината ранети да ги лечат надвор од зградата.

Локалните медиуми известуваат дека аеродромот во Палу ќе биде затворен до сабота навечер.

Инаку, земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер, предизвика цунами, високо околу 3 метри, кое ја погоди плажата во градовите Палу и Донгали.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток