Во рамки на официјалната посета на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на Северна Македонија, таа и нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.
По завршувањето на церемонијата, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ја посетија и спомен-собата на Гоце Делчев во црквата, каде им беше презентиран саркофагот со кој се пренесени моштите на Гоце Делчев од Софија.
Претходно, во претседателскиот кабинет, претседателот Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, по што се одржаа тет-а-тет средба и пленарен состанок на официјалните делегации, а беа потпишани Спогодба меѓу Северна Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу македонското Министерството за култура и Министерството за култура, спорт и млади на Грузија.