Македонија

Наумовска: Потврдено, ВМРО-ДПМНЕ стои зад бојкотот на наставата

На лагата и се кратки нозете, не требаше многу да помине за целата јавност да се увери кој се мотивите за целиот циркуз околу дигитализацијата во образованието. Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата „Учебници и настава мора да има“ која се спротивставува на реформите во образованието е исткнат член на ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека зад бојкотот на наставата стои партијата предводена од Христијан Мицкоски, истакна Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.

Наумоска додаде:

Со ова се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели.

Потврдено е она што го зборувавме долго време, но и она што цела јавност го гледа – Зад повиците за бојкот, зад манипулациите и лажните вести за дигитализацијата стои ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и образовниот систем повикува на бојкот на наставата, шири лажни вести и измислици околу некакви провизии и тендери.

Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Бојкот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес.
Случувањата после најавените реформи во образованието се само еден од повеќето мали пожари што ВМРО-ДПМНЕ ги потпалува за да создава тензии во општеството.

Се што ВМРО-ДПМНЕ прави е на штета на граѓаните, на штета на образованието во нашата држава. Образованието кое ВМРО-ДПМНЕ го остави по нивното 11 годишно урнисување денеска се реформира, се осовременува по европски стандарди.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите кои обезбедуваат модерен, ефикасен образовен систем па затоа по секоја цена шири лажни вести, опструира и злоупотребува ученици и родители.

Заради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и токму заради таквото однесување ќе им следи нов пораз на локалните избори и овде во Битола и низ целата држава.

 

видео: СДСМ

На почеток