Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од медиумите, се двајца тинејџери.
Еден од напаѓачите, идентификуван како 19-годишниот Илназ Галијавиев, за време на апсењето изјавил дека поставил бомба и во станот на неговата мајка. Другиот напаѓач е наводно убиен.
Осторожно жёсткие кадры очевидцев у школы в Казани. pic.twitter.com/Hg3r0augiS
— РЕН ТВ | Новости (@rentvchannel) May 11, 2021
Засега не е познат мотивот за нападот.
Сепак, според порталот База, еден од напаѓачите започнал канал на апликацијата „Телеграм“ непосредно пред нападот и оставил неколку пораки. Тој се фотографирал со маска на која пишувало „бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето и потоа ќе се самоубие.
Меѓу убиените има најмалку осум деца и наставник, изјави извор за руската новинска агенција „Интерфакс“. Според ТАСС, 32 лица биле повредени и хоспитализирани. Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачите имале експлозивни направи и автоматско оружје.
фото: Пинк.РС