Бугарија оди на нови избори на 11 јули. Стефан Јанев ќе биде вршител на должноста премиер во привремената влада на Бугарија назначена со декрет од бугарскиот претседател Румен Радев, која од утре ќе почне со работа.
Радев со друг указ го распушти 45-то Национално собрание и закажа предвремени парламентарни избори во Бугарија на 11 јули.
– Ќе ги организира привремената влада на чие чело ќе биде Стефан Јанев кој доаѓа од позицијата државен секретар за безбедност и одбрана, а претходно работел и како вицепремиер за внатрешен ред и министер за одбрана. Одлуката ја донесе претседателот Румен Радев, кој во кабинетот меѓудругите го именуваше и бугарскиот амабсадор во Данска Светлан Стоев, на местото на Захариева, како министер за надворешни работи.
Нов бугарски министер за надворешни работи ќе биде досегашниот амбасадор во Данска, Светлан Стоев, додека поранешниот бугарски преставник во Обединетите нации Георги Панајотов треба да биде новиот министер за одбрана.