Македонија

Владата го paзpeши Лазе Велковски од функцијата началник на организиран кpиминал во МВР

Со одлука на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, односно на владата, сменет е Лазе Велковски од функцијата началник на организиран криминал во МВР. Ова е нов удар од извршната власт врз акциите на Обвинителството за организиран криминал кое има директна соработка со досегашниот началник на организиран криминал во МВР, Лазе Велковски, особено во борбата против корупција и против нарко бизнисот, објави Инфомакс. 

На местото на Лазе Велковски поставен е Ветон Кранли, советник на министерот Оливер Спасовски кој никогаш досега не вршел ниту една одговорна и оперативна функција во полицијата.

Лазе Велковски, по 0длука на шефицата на Организиран криминал во ЈО, Вилма Рускоска, е избран за нејзин соработник во истрагите против организиран криминал и корупција па, и и по тој основ, додека ги извршува тие задачи владата, односно министерот Оливер Спасовски, согасно закон не може да го разрешува од функцијата која ја има.

Лазе Велковски беше директор на Јавна безбедност до август 2018-та година кога владата го разреши и го симна подолу во хиерархијата поставувајќи го за началник на Организиран криминал. По функција, директен и прв полициски соработник со Вилма Рускоска, шефицата на ЈО за Организиран криминал.

Текстот воцелост на: Инфомакс. 

На почеток