Свет

Уште една проблем поради КОВИД 19 – Во Индија кај заразените се појави смртоносната „Црна Габа“

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна габа“, болест што ги напаѓа мозокот и белите дробови.

Тоа не е болест специфична само во Индија, туку мукормикоза – широко распространета габична инфекција која најчесто ги погодува имунокомпромитираните лица, оние со слабо контролиран дијабетес или оние кои примаат одредени лекови.

Оваа инфекција е предизвикана од разни видови на габи, вклучително и ризопус, ризомукор, апсидија и базидиоболус, и е присутна ширум светот. Најлесно се заразуваат луѓето во болници, кога габата останува на постелнината или патува низ системи за вентилација, велат експертите.

„Мукормикозата е многу сериозна болест, има висока стапка на смртност и бара многу лекови или дури и операција за лекување“, рече Питер Колињон, член на управниот одбор на Светската здравствена организација кој се занимава со заразни болести и отпорност на антибиотици.

Околу 300 случаи на мукормикоза неодамна се пријавени во индиската држава Гуџарат.

Симптомите вклучуваат болка и црвенило околу очите и носот, треска, главоболка, кашлица, повраќање на крв, црно и крвав исцедок од носот, болка на едната страна од лицето и синусите, црн нос, забоболка и болно и замаглување на видот.

Пациентите со мукормикоза добиваат антифунгални лекови, кои можат да бидат доста токсични. Обично е потребно хируршко отстранување на некротичното ткиво.

Бидејќи ковид-19 го загрозува нашиот имунолошки систем, може да се појави мукормикоза.

Со оглед на тоа дека се откриени случаи на мукормикоза во Делхи, Махараштра и Гуџарат, експертите од индиската работна група за Ковид-19 во неделата издадоа упатства за спречување на инфекцијата.

Тие ги повикаа граѓаните да носат чевли, долги панталони, кошули со долги ракави и ракавици кога работат на земја или да ракуваат со ѓубрива и ги замолија да одржуваат лична хигиена и да внимаваат на дијабетес (доколку го имаат). На медицинскиот персонал им беше кажано да престанат да даваат лекови што го потиснуваат имунитетот, како што се стероидите, што е можно поскоро.

извор: Макфакс

На почеток