Грција очекува над 150 меѓународни летови да пристигнат денеска и утре на 14-те регионални аеродроми откако ја стартуваше долгоочекуваната туристичка сезона, која треба да ги ублажи последиците од пандемијата на коронавирусот, објави СДК.МК.
„Го креваме сидрото“, изјави министерот за туризам Харис Теохарис, откако и официјално ја прогласи летната сезона за отворена.
„Ги оставаме зад нас мрачните облаци на страв и несигурност. Странските туристи едвај чекаат да се вратат во нашата земја, желни за сонце и тиркизни води“, кажа Теохарис.
Првите 40-ина авиони со странски туристи треба да слетаат денеска, а за утре се најавени уште 110.