Македонија

Родителите против дигитализација: Одиме пред се првенствено на референдум, и тоа ќе одиме на задолжителен референдум

Неколку стотици родители протестираат против најавените образовни реформи и дигитализацијата на наставата. Покренаа иницијатива со која бараат преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи. Не се задоволни ниту од, според нив, т.н. дијалог со надлежното министерство. Велат законите се носат без консултации со засегнатите страни.

Дополнително бараат нивните деца да се вратат во клупите на настава.

Протести се одржуваат во повеќе градови, а ги организираат родителите кои одбиваат нивните деца да учат од таблет.

„Одиме пред се првенствено на референдум, и тоа ќе одиме на задолжителен референдум, не на консултативен и ќе ги видиме ставовите и мислењата на сите родители. Очајно ме молат пензионирани академици, професори, наставници, стручни лица, не молат нас родителите да ги спасиме нашите деца и тоа ни дава поттик да одиме понатаму со цел да го спречиме овој предлог закон. Се протестира во повеќе градови и ќе се чуе родителскиот глас. Политиката да се држи настрана од нашите деца, денес се слуша гласот на родителите. Не сакаме монолог, сакаме да се чуе нашето незадоволство, сакаме дијалог“, изјави еден од родителите, учесник на денешните протести.

Протестот започна точно на пладне од пред Министерството за образование, од каде демонстрантите мирно се упатија кон Владата, а крајна цел на маршот ќе биде Собранието.

Освен во главниот град, се протестира и во повеќе други градови во земјава.

На почеток