Во однос на изразената загриженост на лидерот на ДУИ Али Ахмети околу усвојувањето на уставните амандмани, Џафери смета дека тоа е веројатно, како што вели, апел за да се има внимание во постапувањето натаму за да не се иритира, односно провоцира ситуација која би била во спротивност со определбите за целосна имплементација на договорот од Преспа.
– Таа загриженост не е во смисла дека некој не верува во некого, туку се однесува на сите постапки и случувања околу функционирањето на институциите и затоа е веројатно апелот за внимание во постапувањето понатаму за да не се иритира, односно провоцира ситуација која би била во спротивност со одредебите за имплементирање на Преспанскиот договор до завршната фаза – вели Џафери.