Медиасет

(ВИДЕО) Еруптираше еден од најактивните вулкани во Африка – лавата стигна до град со 2 милиони жители

Еден од најактивните вулкани на светот, Нијарагонго, во Демократската Република Конго, еруптира синоќа, поради што владата ги активира плановите за евакуација на градот Гома, а лавата од вулканот стигнува и до аеродромот, објавија властите и вулканолозите.

Ерупцијата го зарвени небото над градот Гома на истокот на Конго, чии жители се сеќаваат последната ерупција на вулканот во 2002 година, која уби 250 луѓе, а 120 илјади останаа без дом.

Во поголемиот дел од градот нема струја, телефонските линии се зафатени, а илјадници луѓе евакуирани. Некои побегнале кон искот, накај границата со Руанда, додека другите бегаат на запад.

Премиерот на Конго Жан-Мишел Сама Луконде повика итен состанок на владата во главниот град Киншаса, поради донесување итни мерки и евакуација на Гома.

Вулканологот Дарио Тедеско вели дека во Нијарагонг се отвораат нови отвори, овозможувајќи ѝ на лавата да тече кон југ, кон градот Гома, откако на почетокот течела кон исток, кон Руанда.

Најсмртоносната ерупција на вулканот се случила во 1977 година, кога загинаа повеќе од 600 луѓе.

фото: PRI.org

 

На почеток