Свет

Еди Рама: Полесно е да се предвиди дека Австрија ќе биде светски шампион во фудбалот отколку што ќе стори ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, предупредува на негативните последици од доцнењето или неисполнувањето на обврските од страна на ЕУ во врска со пристапните преговори со неговата земја.

– Јавното мислење е многу чувствително во врска со овој процес – рече Рама за австрискиот дневен весник „Клајн Цајтунг“, пренесува Танјуг.

Тој посочи дека ова особено важи за Албанија, која има историја на изолација и варварска диктатура зад себе.

– За Албанците, учеството во европското семејство со сите права е незаменлива цел – подвлече Рама.

Тој не сакаше да процени дали пристапните преговори ќе бидат отворени за време на претседателството на Португалија со ЕУ, до крајот на јуни.

– Во моментов е невозможно да се предвиди што ќе стори ЕУ. Полесно е да се предвиди дека Австрија ќе биде светски шампион во фудбал, отколку што ќе стори ЕУ – рече Рама.

Тој посочи дека постои силна група на членки во ЕУ која ја поддржува Албанија за почеток на пристапните преговори, но од друга страна, додаде тој, има земји кои се скептични, покрај фактот дека одлуката за почеток на преговори мора да ја ддонесат сите земји.

 

На почеток