Македонија

За 24 часа над 11.000 луѓе се потпишаа на онлајн петицијата со која се бара повлекување на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација

Повеќе од 11.100 луѓе се потпишаа на онлајн петицијата со која се бара повлекување на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, неполни 24 часа откако иницијативата беше покрената во петокот на социјалните мрежи.

Петицијата насловена „Македонија на ЕП во старите дресови!“ осамна на интернет ФФМ вчера ги претстави новите дресови  за дебитантскиот настап на македонските фудбалери на ЕУРО 2020, предизвикувајќи поделени реакции во јавноста. Критики особено предизвика повлекувањето на традиционалниот црвено-жолт дрес и негова замена со редизајн во бордо боја.

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) засега нема официјална реакција на иницијативата за повлекување на новите дресови во бордо, бело-жолта и црно – портокалова комбинација дизајнирани од германскиот производител на спортска опрема „Јако“.

На својот официјален сајт, „Јако“ синоќа објави дека новите македонски дресови веќе можат да се купат во Германија во специјализирани продавници за спортска опрема.

На почеток