За евентуално признавање на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека не сака да завршат како македонскиот премиер Зоран Заев со Преспанскиот договор и да не добијат ништо.
Вучиќ во интервју на ТВ Хепи во емисијата „Кирилица“ рече дека признавањето би било само добра новинарска приказна, а Србија нема да добие ништо.
„Слушнав од еден официјален кинески претставник дека не е се поврзано со Косово, туку дека преку Косово сакаат да ја урнат цела Србија. Тоа не е далеку од вистината, иако ќе зборуваат дека најмодерните и најдобрите политичари се тие кои со воодушевување ќе ја прифатат независноста на Косово, а Србија да не добие ништо, само убава приказна за весници, па да завршиме како македонскиот премиер Зоран Заев со Преспанскиот договор“, рече Вучиќ.
Вели дека Србија е под притисок од Европската унија и Соединетите Американски Држави да го признае Косово.
