Магазин

Починала на денот на свадбата, па младоженецот решил да се ожени со нејзината сестра – телото на несреќнат невеста лежело во соседната соба

Една невеста починала на сопствената венчавка во Индија, но сепак, свадбата се одржала – младоженецот  се оженил со нејзината сестра.

Иако звучи како сценарио за бизарен филм, ова навистина се случило во индиската држава Утар Прадеш, пишуваат локалните медиуми.

Невестата Сураби доживеала срцев удар во текот на свадбената церемонија со младоженецот Маној К., пренесува локалниот портал „Њуз18“.

Имено, младенците разменувале венци на традиционален хиндуистички начин кога Сураби се срушила. Лекарот можел само да ја прогласи за мртва, пренесува „Ртл.де“.
Меѓутоа, наместо да ја откажат прославата поради трагичниот настан, семејствата смислиле бизарно решение – церемонијата да продолжи, а младоженецот Маној К. едноставно се оженил со сестрата на починатата невеста.

Нејзиниот брат Саураб рекол дека „тие не знаеле што да прават во оваа ситуација“.

– Семејствата се консултираа и некој предложи мојата помала сестра Ниша да се омажи за младоженецот. Сите се согласија со тоа – рекол тој.

Телото на починатата невеста било однесено во соседната соба.

 

На почеток