Македонија

(ФОТО) Макрон со историски чин: Му се поклони на Заев и кажа дека Македонија треба да почне преговори со ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон му се поклони на премиерот Зоран Заев, изразувајќи благодарност и порачувајќи дека Македонија треба да ги започне преговорите за влез во Европска Унија.

Пораките од Елисејската палата ги вратија надежите за европската иднина на Северна Македонија. Аналитичарите се децидни – дека Франција ги валоризираше реформите коишто ги направи С. Македонија на патот кон ЕУ, дека е време да се конкретизира одлуката на ЕУ за започнување преговорите со земјата, а особено значење е помошта којашто ја нуди Макрон за постигнување балансиран компромис со Бугарија.

„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување“, изјави Макрон вечерва на средба со премиерот Зоран Заев во Париз.

Заев пак, изрази поддршка за поддршката која Франција и ја дава на Македонија.

„За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време. Пред нас е Самитот на Европскиот Совет во јуни, што е вистинска можност за чекор напред и за решение кое ќе ја оттргне блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решенија, а најважното просперитетно решение пред нас е решението за почеток на преговорите кој ќе биде одобрен од сите земји членки на ЕУ“, рече Заев, кој ја оцени работната посета на Париз како историска.

 

На почеток