Македонија

Бугарсиот амбасадор: Никој не може да изврши притисок врз разговорите помеѓу Македонија и Бугарија, па ниту претседателот на САД

Никој не може да изврши притисок врз разговорите помеѓу Македонија и Бугарија, па ниту претседателот на САД, смета бугарсиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов. Според него, Бугарија само си ги штити националните интереси, а вршењето притисок е илузорно.

„Не гледам кој може да ја притисне Бугарија да си ги заштити националните интереси. Тоа е илузорно“, вели Ангелов за „Сител“.

За таканаречениот патоказ тој вели дека нема ништо штетно ниту пак спорно и дека разговорите биле во тек и тоа не било никаква тајна.

 

На почеток