Македонија

Пандев: Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес, сонот го испишавме, одиме да испишеме историја

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев за два дена со капитенската лента ќе истрча на стадионот во Букурешт предводејќи ја Македонија во испишувањето на најблескавата историја во македонскиот репрезентативен фудбал.

На денот на почетокот на Европското првенство, капитенот со емотивна порака се огласи на социјалните мрежи

– Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера, Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување…Ова можеби се моите последни натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да се обратам на целата нација…Оваа генерација е најсветото несто во македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за Македонија, -напиша Горан Пандев на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

На почеток