Македонија

(ВИДЕО) Пожар во Нов Дојран, гори сува вегетација

Голем пожар вечерва избувна во Дојран во местото викано Калдрма. Струмичката локална телевизија Вис јавува дека на одредени места огнот е локализиран, но на други локации пламнува и има опасност да бида зафатени вили.

На терен излегле две противпожарни единици и вработени во комуналното претпријатие на општина Дојран.

Во тој реон има голем број викендици, но и куќи на локалното население.

На почеток