Македонија

Четврта пресуда за Мијалков, овојпат за апсењето на Бошковски

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денес е закажано изрекувањето на пресудата за случајот „Тортура“ во кој им се суди на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешните „Алфи”. Предметото е за начинот на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.

Денешната пресуда ќе биде трета по ред за Мијалков. Тој претходно беше осуден за случајот „Таргет-Тврдина” каде доби 12 години затвор, а за  „Трезор” му беше изречена затворска казна од 8 години.

Двете пресуди не се правосилни односно се во жалбени постапки пред Апелацискиот суд во Скопје.

На почеток