Македонија

Се уште непознат точниот датум на кој учениците ќе ги добијат свидетелствата , најверојатно ќе ги добијат во август

Бирото за образование ги известило училиштата дека свидетелствата за учениците во основните и средните училишта ќе бидат готови до 31 август годинава, но не се знае кога е точниот датум.

За точниот датум и време учениците ќе бидат дополнително известени од одделенските наставници, односно од нивните класни раководители.

-Имајќи предвид дека училиштата во вакви услови не можат да организираат настани за делење на свидетелства, ве известуваме дека оваа учебна година свидетелствата ќе им бидат дадени на учениците до крајот на оваа година, врз основа на член 138 став 5 од Законот за основно Образование, се вели во дописот од Бирото за развој на образованието.

Фото: МИА

На почеток