Македонија

Чифлиганец купил уште 49 илјади акции од Комерцијална банка

Ванчо Чифлиганец преку неговата „Адора инжинеринг“ продолжува да купува акции од Комерцијална банка и со тоа го засилува своето бизнис упориште во една системски најзначајна бана во земјава, објави faktor.mk.

Адора и вчера купила акции од Комерцијална банка, иако не се кажува по која сума, но она што дефинитивно се знае е дека неговата компанија сега поседува близу 15 отсто од акциите на најголемата и најмоќната банка во земјава.

Во својата ценовно чувствителна информација до Берзата Комерцијална банка извстува дека Адора купила акции преку системска блок трансакција, и кажува колку акции се купени, но не кажуваат која сума е платена за тие акции.

Текстот во целост на: faktor.mk.

На почеток