Медиасет

Пандев: Утре е мојот последен меч, не можев да посакам подобар крај од овој!

Секој момент на Европско првенство треба да се доживее и почувствува, па дуелот со Холандија има своја важност и убавина. Селекторот Игор Ангеловски уште има дилеми околу стартниот тим, но со сигурност ќе менува во споредба со стартниот состав против Украина, објави Гол.МК.

На прес-конференцијата на „Јохан Кројф Арена“, капитенот Горан Пандев рече:

„Ова за мене е последен натпревар во дресот на репрезентацијата. И јас и колегите и селекторот остваривме нешто што не знам дали некоја друга генерација ќе го оствари. Ова е прав момент да се простам од репрезентацијата. Оваа генерацијата може да ни донесе многу радости и во иднина, па верувам дека ќе изборат и Светско првенство.

Утрешниот натпревар е посебен, среќен сум што се простувам на големо натпреварување, бидејќи сонот ми се оствари и подобро простување од натпреварот против Холандија на „Јохан Кројф Арена“ не можев да посакам. Имам емоции, но знам како да се носам со вакви ситуации. Можеби по натпреварот ќе ми биде чудно, затоа што не знам како ќе продолжи мојата кариера. Сакав да завршам пред полни трибини во Скопје, затоа се спомнуваше опцијата да настапам против Германија. Но, ова е дефинитивен крај и веројатно ќе завршам и со клупскиот фудбал и ќе ја ги „закачам копачките на клин“.

извор/фото: гол.мк

На почеток