Свет

Мигранти се истовариле на плажа во Италија, туристите шокирани, повикале полиција

Пливачи на плажа во близина на градот Лече, на крајниот југ од Италија, биле шокирани кога група од 83 мигранти среде бел ден се истовариле од јахта на плажата полна со туристи.

После тоа, луѓето повикале полиција, а градоначалникот, заедно со полицајци и медицинскиот персонал дошол на местото на настанот.

По прегледот и тестот за ковид, на мигрантите им биле дадени храна и вода, по што биле сместени во центар за миграција. За повеќето мигранти, меѓу кои имало и две жени, се верува дека се од Пакистан.

 

извор: МАКФАКС

На почеток