Македонија

Холанѓанка која живее во Македонија ги опишува македонците: Тие постојано се жалат дека немаат пари, сепак сите кафулиња се секогаш полни

Холанѓанка Лиза, која живее во Македонија година и пол на својот блог ги сподели своите импресии и искуства од живеењето овде, објави newz24live.com.

-Во Македонија живеам веќе 1,5 година и ги познавам Македонците повеќе од пет години, така што можам да кажам дека постојат неколку работи кои се малку чудни за мене, вели таа.

Еве како таа ги доживува Македонците:

– Македонците користат ракија за се! За пиење секако, но ви се затнал носот „шмркнете” ракија. Убод од комарец? Ставете ракија. Ги чистете прозорите од колата? Користете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на неа.

– Македонците секогаш ќе ве прашаат колку ве чинело нешто? Имате нов часовник? Ах, колку пари е? Нова кола? Колку ве чинела. Тоа изгледа е многу важно прашање овде.

– Се е во врска со храната. Главно прашање на денот е „што има за ручек или вечера?” Исто така, тие обожаваат да зборуваат за храна.

– Поради некоја причина, сосема нормално е да се има теписи насекаде, во секоја големина и форма. Дури и во кујната можете да најдете теписи.

-Тие постојано се жалат дека немаат пари, сепак сите кафулиња се секогаш полни.

– Промаја е студен воздух во куќата и според постарите генерации, ова дефинитивно ќе ве разболи и е многу лошо за вас, така што затворајте ги прозорците и вратите!

– Тие не разбираат кога ќе им кажете дека сте најадени. Особено бабите во оваа земја ќе ве преполнат со храна и нема да прифатат „не” за одговор.

– Тие целосно се менуваат кога влегуваат во автомобилот. Македонците во основа се многу љубезни луѓе, но возат како да ќе се самоубијат. Јас дури не ни претерувам за ова.

– Тротоарите се користат за паркирање, наместо за одење. И никогаш не возете на десната страна, бидејќи е наменета за автобуси и коли кои застануваат овде. Или пак, возат наназад на булевар… да, и ова е возможно во Македонија.

Текстот во целост на: newz24live.com.

На почеток