Македонија

Ахмети: Зелената агенда нѐ приближува до НАТО, ние се мериме со нив, не со СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ

Зелената агенда нѐ приближува до НАТО, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Клан дебата“ . Тој додаде  дека големите сили излегле со иста агенда, полагајќи многу внимание на животната средина.

-Ова ребрендирање нè приближува до НАТО затоа што и НАТО излезе со зелена агенда. Исто така по нас и Г7 се ребрендира, а и Еди Рама по нас излезе со таква агенда. Тоа значи дека ние се мериме со нив, не се мериме со СДСМ и со ВМРО- ДПМНЕ. Зачувувањето на животната средина нема идеолошка дефиниција, лево или десно, рече Ахмети.

На почеток