Македонија

Д-р Пановски: Тешко дека ќе го спречиме индискиот сој да влезе во земјава, но прашањето е дали ќе се вакцинираме во што поголем број и колку ќе штитат тие вакцини

Тешко дека ќе го спречиме индискиот сој да влезе во земјава, но прашањето е дали ќе се вакцинираме во што поголем број и колку ќе штитат тие вакцини, вели микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за Фактор.

Тој предупредува дека во следните месеци мора да имаме масовна вакцинација за наесен да не се доведеме повторно во ситуација која би го блокирала здравствениот систем.

– Од вакцините ќе имаме многу поголема придобивка отколку без нив, а многу важен факт е тоа што голем број од македонското население го прележа вирусот, па тоа значи дека и индискиот сој кај нас нема да се шири многу брзо. Секако, тој ќе се шири, но нема да има случаи со тешки симптоми и тешка форма на болеста. Најважно е сега да се вакцинираме во што поголем број. Без 15.000 нововакцинрани дневно ништо не правиме – вели Пановски.

Според него, засилување на индискиот сој се очекува да се случи наесен кога луѓето ќе почнат да се прибираат внатре.

 

На почеток