Македонија

Заев: Максим Димитриевски е еден од главните кандидати за уште еден мандат во Куманово

Премиерот Зоран Заев, денеска при отворањето на првиот Младински центар во Куманово, запрашан дали актуелниот градоначалник Максим Димитриевски ќе ја има поддршката за уште еден градоначалнички мандат на локалните избори, вели дека тој е еден од главните кандидати.

„Со Максим сме другари и социјалдемократи и секогаш ги утврдуваме најдобрите. Максим е еден од главните кандидати, но имаме и други кандидати. СДСМ секогаш ќе го понуди најдоброт како во Куманово, така и во сите општини ширум државата“, рече Заев.

На почеток