Македонија

Каракачанов со одговор до МНР: Охрид е една од најславните престолнини на Бугарија, бугарската азбука и бугарската црква

-Разбирам дека МНР на Македонија се вознемирило од предизборниот клип на бугарските патриоти и во него виделе искажување на територјални претензии поради кадар на Охрид проследен со зборовите “За споменот на бугарштината”. Само да ви кажам нешто важно. Да, ние ја браниме бугарштината зашто во Охрид и насекаде од Македонија има наши браќа и сестри. Чесни и достојни луѓе кои и покрај репресиите, гордо се нарекуваат “бугари”, пишува Каракачанов на ФБ.

Затоа да ви кажам, вака. Да, ние од ВМРО го чуваме бугарскиот спомен и ја чуваме бугарштината насекаде по светот. Го чуваме споменот и се сеќаваме дека Охрид е една од најславните престолнини на Бугарија. Го чуваме и споменот на Св. Климент-еден од најголемите просветители и создател на бугарската азбука, која ја дала основата на словенската просвета и книжевност. Го чуваме и споменот на Григор Прличев, кој е бугарси писател, преродбеник и просветител. Го чуваме и споменот на десетиците бугарски преродбеници и ввојводи , родени и кои го развивале своето дело во интерес на бугарштината, токму во Охрид.

Охрид исто така е престолнината на бугарскиот цар Самуил. Со тој град е поврзана нашата православна црква преку Охридската архиепископија. Ние не сме виновни што почитуваните политичари во Скопје не ја познаваат или поточно се прават дека не ја познаваат историјата на својата татковина, пишува Каракачанов.

извор: 365.com.mk

На почеток