Македонија

Адеми за МИА: Врховниот суд одбил шест жалби на разрешени судии од Судскиот совет, во тек е постапка за седма

Врховниот суд на Република Северна Македонија, односно Советот за одлучување по жалби одбил шест жалби поднесени од судиите кој од почетокот на годината беа разрешени од Судскиот совет. Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, во интервју за МИА, вели дека Советот за одлучување по жалби, на чии состаноци таа не учествува, од почетокот на годината постапувал по вкупно седум предмети, од кои за шест веќе има донесено одлуки.

Од претседателката на највисокиот суд меѓудругото побаравме одговор дали ќе ги имаат предвид евентуалните последици со неодамнешното разрешување од Судскиот совет на судија во Основниот кривичен суд – Скопје, со оглед на тоа што со неговото разрешување неколку предмети од поранешното СЈО се враќаат на почеток.

Неодамна од Судскиот совет беше разрешен судијата Горан Бошевски, од Кривичен, а кој го води предметот „Траекторија” и членува во судечкиот совет во предметите „Талир 1″ и „Шпански скали”. Сите судења каде судија е Бошевски или е дел од судечкиот совет се одложени до назначување на нов судија, информираа вчера од Основниот кривичен суд.

Претседателката Адеми, воедно одговара и на прашање за транспарентноста, за барањата за вонредно преиспитување на правосилни пресуди за кој адвокатите имаат забелешки дека траат предолого и за Методологија за прочистување на правосудството за која вели дека и пречи користењето терминот – прочиствување на судството.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија не учестува во работењето на овие совети.

На почеток