Свет

Невреме во Осиек – поплавени подруми и улици, ветрот откорнал кров од зграда

Попладнево невреме проследено со силен дожд и грмотевици ја погоди областа Осиек во Хрватска. За само час и половина, окружниот центар 112 Осиек одговорил на повеќе од 300 повици.

 

Дирекцијата за цивилна заштита на својот Твитер профил објави дека окружниот центар во Осиек примил неколку извештаи за лошо време.

Од таму додаваат дека силниот ветер однел и лимен кров од една зграда.

На почеток