Свет

Возачот на автобусот кој се преврте е уапсен, признал дека задремал

Приведен e возачот на автобусот oд Косово кој се преврте кај Славонски Брод во Хрватска, бидејќи признал дека задремал на воланот.

Обвинителството констатира дека автобусот од Приштина кој патувал од Франкфурт за Приштина, излетал на тревнатата банкина на јужната страна од коловозот.

„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, велат од обвинителството.

Во несреќета загинаа 10 лица, 45 повредени, осумина во тешка состојба.

На почеток