Скопје

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани, напиша на „Фејсбук“, премиерот Зоран Заев.

„Во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот“, истакнува премиерот.

Тој нагласува дека Скопје прераснал во град на солидарноста, место на кое се обединиле пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата.

„Скопје во својата долга историја никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани и затоа и денеска, 58 години потоа, се сеќаваме на починатите во земјотресот и им оддаваме достојна почит“, порача премиерот.

На почеток