Свет

На возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници му се закануваат 15 години затвор

Возачот на автобусот, во кој загинаа 10 лица, а над 40 беа повредени вчера наутро во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска. Тој е осмничен за предизвикување на сообраќајна несреќа, за која е предвидена максимална казна до 15 години затвор.

Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осуммина загинати, додека постапката за идентификување на остантите двајца починати патници продолжува.

Во соопштението од полицијата се наведува дека возачот, 52-годишен државјанин на Косово, со кривична пријава под сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода, е предаден на надзорникот за притвор, а потоа ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка, пренесе хрватски „Индекс“.

Досега полицијата утврди дека 52-годишниот косовски државјанин, кој управувал автобус со косовски национални ознаки, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента, туку преминал во тревата покрај патот, а потоа автобусот се превртел на страна.

 

На почеток