Македонија

Заев: Од сѐ срце им честитам на Дејан и на неговиот тим, коишто успешно се изборија за заслужениот медал

Историски успех за младиот Дејан Георгиевски, кој на Летните олимписки игри во Токио се закити со сребро, напиша на својот Фб профил премиерот Зоран Заев.

Во продолжение на објавата премиерот додава:

Северна Македонија 🇲🇰 од денес има олимписки медал во таеквондо во категорија над 80 килограми.
Од сѐ срце им честитам на Дејан и на неговиот тим, коишто успешно се изборија за заслужениот медал. Нека овој успех биде поттик за сите, дека со љубов, истрајност и напорна работа, успесите се неминовни.

На почеток