Македонија

За време на избори ветуваа прочистување на судството, а сега?!

Прочистување на правосудството е приоритет број еден за 2021 – ва година. Ова беше слоганот на Владата, кога лани го објави методот за прочистување во судството и обвинителството. На 30 – ти декември, ден пред Нова Година, министерот за правда Бојан Маричиќ, во друштво на тогашниот претседател на Судскиот совет Киро Здравев и на државниот обвинител Љубомир Јовевски го најавија процесот.

Осум месеци подоцна, не е направено оценување на ниту еден обвинител. Процесот е закочен, иако оценувањето се најави помпезно и како врвен приоритет. Државниот обвинител за Алсат вели дека имале друг приоритет.

„Оценувани се досега само оние кои конкуриираа за вишите обвинителства и во обвинителството за организиран криминал и корупција. Најавениот шроцес забрзано ќе продолжи после одморите“, рече Љубомир Јовевски, Државен обвинител.

Повеќе на Алсат.

На почеток