Македонија

Владата повторно ќе потроши 1.800.000 денари на тоалетна хартија

Пред пет дена е објавен тендер од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата , каде предмет на набавката е тоалетна хартија и брисачи за хартија, во вредност од 1.868.227 денари. Фирмата која го добила тендерот е „Минако”, претставувана од управител Анита Максимовска Радева, објави Антропол.

Пред неколку месеци, одекна веста дека Собранието за набавка на тоалетна хартија потроши 1.331.500 денари, што за 44.000 парчиња значи дека Собранието плаќа по 30 денари за едно парче тоалетна хартија.

На почеток