Македонија

Девет лица си заминале преку граница, наместо да бидат во изолација

Корона позитивни влагуваат или излегуваат од земјава, а никој не контролира. Границите се слободни за влез на иселениците без потврда за ПЦР тестови или вакцина, за излез пак не се проверуваат дали некој има решение за самоизолација. Последен е случајот каде со симптоми на ковид од Австрија дошол пар за да направи свадба во Охрид со 100 гости. Денеска во Тетово пак се регистрирани деветмина кои се позитивни а преку граница ја напуштиле земјава.

Цели фамилии позитивни на ковид 19 наместо да седат во самоизолација си заминале од земјава, преку граница без никој да ги исконтролира. Полицијата за ова дознала кога не ги затекнала во домовите каде требало да ја издржуваат мерката. после вчерашните 4 вакви случаи, денеска Тетовската полиција регистрирала девет од кои една е мајка со две деца од тетово и но има и од мала речица лисец гостивар и косово.

Повеќе на Телма.

На почеток