„Повторно пожар денеска во Асамати, само што сега успеав да го угаснам сам, со пумпа за прскање овошки и една кофа – се на се со 20 литри вода попрскани каде што треба. Зажарените пенушки ќе треба да се ладат и да се контролира пожариштето на саат време. Уште една потврда дека пожарот најлесно се гасне на почетокот, исто како и епидемијата. Една кофа и еден човек имаат ефект како цистерна со 2000 литри вода и цело ПП одделение, ако се започне со гаснење на време. Во случајот со епидемијата, со 5 дена локдаун на Тетово и Велес на почетокот, немаше да стигнеме до 800 случаи дневно и 50 умрени и тоа само за почеток. Ама толку разбираат нашите големи “стручњаци” кои воведуваат контрола на граница откако вирусот ни влезе преку граница и сега се шири со локална трансмисија. Какви епски лузери!“, напиша Дејан Трајковки од Битола, кој е професор на факултет.
(ФОТО) Професор сам гасел пожар во ресенско село: Една кофа и еден човек имаат ефект како цистерна со 2000 литри вода!
Од
Објавено на